Кој е Фетулах Ѓулен?
Фетулах Ѓулен е авторитативен исламски научник, мислител, автор, поет, лидер на мислење и образовен активист кој поддржува меѓуверски и интеркултурен дијалог, наука, демократија и духовност, се спротивставува на насилството и ја претвора религијата во политичка идеологија. Фетулах Ѓулен ја промовира соработката на цивилизациите кон мирен свет и е против судири и недоразбирања.
„Биди толку толерантен за твоите пазуви да станат широки како океанот. Биди исполнет со верба и љубов кон човечкото битие. Не дозволувајте да има духовни проблеми на кои не им подавате рака и за кои сте незаинтересирани.“ (Фетулах Ѓулен, Бисери на мудроста, Магор, Скопје)
Ние веруваме дека г. Фетулах Ѓулен и движењето на граѓанското општество, инспирирани од неговите ставови, познато како Движење Фетулах Ѓулен, се значајни и заслужуваат внимание од следниве причини:
Авторитетот и влијанието на Фетулах Ѓулен: Г-дин Фетулах Ѓулен е познат и почитуван меѓу турските муслимани и муслиманите од целиот свет како авторитетен муслимански научник на сунитската традиција, на којa ѝ припаѓа 87-90% од муслиманското население во светот. Тој, исто така, е мислител, поет, плоден автор, образовен активист и предводник на движење. Неговото влијание надвор од Турција секојдневно расте, a неговите дела се преведени на многу јазици, како македонски англиски, арапски, руски, германски, шпански, урду, босански, албански, малајски и индонезиски. Покрај печатените изданија, неговите идеи се шират и преку приватните радио и телевизии отворени од страна на неговите следбеници.
Јавен став против насилството, тероризмот и самоубиството.
Фетулах Ѓулен е познат по неговиот постојан став против комбинацијата на насилство и верска реторика.
Поконкретно:
Тој беше првиот муслимански научник кој јавно ги осуди нападите од 11 септември (во текст објавен од страна на Вашингтон пост).
Тој помогна да се објави првата научна книга во врска со исламската перспектива на терористичките напади и нападите со самоубиства, осудувајќи ги таквите дела.
Овие ставови Ѓулен не ги пренесе само врз западните читатели, туку ваквите ставови отворено ги изрази преку проповеди низ џамиите, на церемонии каде што учествуваат илјадници муслимани.
Тој недвосмислено ги осуди самоубиствените напади.
Во интервјуа дадени за турски, американски, германски, јапонски и весници во Кенија, Ѓулен остро го осуди политичкото, идеолошкото и религиското оправдување на терористичките напади.
Тој се појави на бројни национални телевизиски емисии, на кои јавно ги осуди таквите дела.
Пионер во меѓуверскиот дијалог: Фетулах Ѓулен со децении го проповеда меѓуверскиот дијалог, многу години пред терористичките напади на 11 септември. Во Турција успеа да направи една позитивна атмосфера на меѓуверски соживот помеѓу муслиманско население и грчката и ерменската заедница, меѓу православната, католичката и еврејската заедница. Надвор од Турција, неговите идеи за меѓуверски дијалог инспирираа многумина да основаат организации кои се вклучени во дијалогот со истите цели на меѓусебно разбирање, сочувство, мирен соживот и соработка. Неговите напори за дијалог и толеранција беа преставени преку средби со покојниот папа Јован Павле Втори и покана од шефот на сефардскиот рабин на Израел, како и состаноци со водачите на различни христијански деноминации.
За соработка на цивилизациите: Фетулах Ѓулен ја промовира соработката на цивилизациите наспроти судирот, преку дијалог, меѓусебно разбирање и собирање околу заедничките вредности. Како лидер на мислење за граѓанското општество тој ги поддржува турските напори за приклучување кон Европската Унија и вели дека овој однос ќе им користи на двете страни.
Акцент на духовната димензија на верата: Благодарение на неговото рано образование во духовната дисциплина, Фетулах Ѓулен е познат по својот акцент на исламската духовност (на Западот позната како суфизам) и на прифатениот став кон другите луѓе што го наметнуваат овој акцент. Поради застапеност на љубов, сочувство и отворен пристап кон сите прашања што се однесуваат на човештвото во неговите дела, западната јавност го нарекува „модерен Руми“. Книгата на Фетулах Ѓулен за суфизмот, составена од два тома се користи како учебник на универзитетски предавања за духовните традиции на светот.
Науката и верата во хармонија: Фетулах Ѓулен смета дека науката и верата, не само што се компатибилни, туку се и комплементарни. Затоа го охрабрува научното истражување и технолошкиот напредок за доброто на целото човештво.
Интелектуалната димензија: Тој е добро обучен во водечките мислители на западната традиција и може да комуницира со нив удобно преку неговите дела.
Продемкократски: Фетулах Ѓулен, ја смета демократијата како единствен остварлив политички систем на владеење. Тој го осудува мешањето на религијата со политичка идеологија, истовремено ги охрабрува сите граѓани да заземат информиран и одговорен дел во политичкиот живот на нивната земја. Тој ги истакнува флексибилноста на исламските принципи во врска со управувањето и нивната компатибилност со вистинска демократија.
Решенија за социјалните проблеми кои се застапени во општеството: Највпечатлива карактеристика во животот на Фетулах Ѓулен е фактот што неговата визија и идеи не останаа реторички, туку се реализираа глобално како граѓански проекти. Според некои проценки, околу стотина образовни организации, како што се училиштата К-12, универзитетите и јазичните училишта, се основани низ светот инспирирани од Фетулах Ѓулен и спонзорирани од локални бизнисмени, алтруистички едукатори и посветени родители. Значајни примери на такви училишта се оние во Југоисточна Турција, во Централна Азија, во неколку земји во Африка, во Далечниот Исток и во Источна Европа. Без оглед на нивната локација, овие училишта се симболи на хармонични меѓуверски и интеркултурни односи, со успешно обединување на верата и разумот и посветеност на служба на човештвото. Особено во регионите како што се Филипините, Југоисточна Турција и Авганистан, исто така и во регионите што се во конфликт, овие институции помагаат во намалувањето на сиромаштијата и зголемувањето на образовните можности, што пак ја намалува привлечноста на терористичките групи и нивните агенди што работат во овие земји. Покрај тоа што придонесуваат за социјална хармонија, овие училишта произведуваат победници на меѓународни натпревари по математика.
Други проекти за граѓанско општество: Другите граѓански проекти инспирирани од идеите и охрабрувањето на Фетулах Ѓулен вклучуваат хуманитарни организации, организации за одржлив развој, медиумски организации, професионални здруженија и медицински институции.