На кратко за Фетулах Ѓуелн

Хронологија

1941

Роден на 27 април во Ерзурум, област Пасинлер (Хасанкале), во село Коруџук.

1945

На пет години научил да го чита Куранот и почнал редовно да врши молитва (намаз).

   

1946

Тргнал во основно школо.

1949

Ја напуштил основната школа зошто фамилијата му се преселила во селото Алвар. (Подоцна полагал вечерна школа и така го завршил основното образование.)

1951

Посетувал часови по арапски јазик кај својот татко Рамиз Ѓулен и така го продолжил верското образование.

1952

Станал ученик на хаџи Ситки-ефенди.

1954

Станал ученик на Сади-ефендија, којшто е внук на Алварскиот имам, чесниот Мухаммед Лутфи. За два и пол месеци напамет ги научил делата од арапскиот јазик и книжевност: Емсиле, Бина и Мерахи, целосно го поминал и Изхар. Бил ослободен од Кафије, па директно продолжил со проучување на Молла Џами.

1956

Се преселува Алварскиот имам, чесниот Мухаммед Лутфи-ефендија. Шест месеци студирал во Верската школа во близина на џамијата Кемхан. После тоа отишол во Тасмеџуд. Во склад со своите можности нашол сместување во џамија Ахмедија, таму престојувал заедно со пријател. Тука останал до заминувањето во Едрине. Почнал да учи кај Осман Бекташ. Држел верски говори по селата во околината на Коруџук и Алвар.

1957

За време на месецот рамазан отишол во Амасија, Токат и Сивас каде што држел говори и собири. Се запознал со содржините на Посланиците од светлина (Рисале-и Нур), серија книги на авторот Бедиуззаман Саид Нурси.

1958

Се преселил во Едирне каде што држел неформални верски говори.

1959

На 6 август е поставен за втор имам во џамијата Уч шерефли. Таму останал две и пол години.

1960

Добил понуда за брак која не е остварена. Читал последни молитви (дови) на двајца затвореници осудени на смрт.

1961

Отишол во војска на 10 ноември во Мамк во Анкара, после обуката оди во прекоманда во Искендерун. И во војска држи верски проповеди.

1963

Во Ерзурум организира конференции каде зборува за Мевлана Руми. Присуствувал на отворањето на Здружението за борба против комунизмот.

1964

На 4 јули почнал да работи како учител по Куран во Едирне.

1965

На 31 јули е префрлен во Киркларели, на повик од Неџип Фазил Кисакурек, познат поет и писател, таму држи говор на конференција. Земал дозвола за да ја посети Турција.

1966

На 11 март е префрлен во Измир. Покрај стандардната служба во здружението Кестанепазар, работел и како волонтер учител и воспитувач за курсевите по Куран. Одбивал каков било надоместок за својата работа.

1968

Отишол на хаџ.

1969

Подготвувал дружења во кафеаните и држел говори, посетувајќи  ги провинциите и селата во егејските делови од Турција.  

1971

Го напуштил Кестанепазар и основал студентски дом во Измир, Гузелљали.
На 12 март со ултиматум се уапсени неговите пријатели. Тој безуспешно се обидувал да ги ослободи. На 3 мај и самиот е уапсен, но е ослободен на 9 ноември, меѓутоа, со забрана за јавно делување.

1972

На 23 февруари е префрлен во Едремит каде што служи две години.

1973

По втор пат отишол на хаџ.

1974

Станува главен поборник за подготвителната настава за идните студенти. На 20 септември умира неговиот татко Рамиз Ѓулен.

1975

Почнал серијал од конференции за темите: наука и Куран, дарвинизам, златна генерација. Овие конференции го одвеле во Анкара, Чорум, Малатја, Дијарбекир, Коња, Анталија и Ајдин.

1976

На 28 септември е префрлен во Измир, Борнова.

1977

Ја посетува Германија и држи предавања на разни места. Ја држи првата хутба (проповед) во Султан Ахмедовата џамија во Истанбул. Тогашниот премиер Сулејман Демирел и министерот за внатрешни работи Ихсан Сабри Чаглајангил присуствувале на џума (петочна молитва).

1979

Активно го подржува магазинот Сизинти и помага при неговото објавување.

1980

На 5 септември за последен пат се качува на мимбер пред земање на дозвола од 20 дена, на 12 септември се случил воен удар во Турција. Тогаш е извршен претрес на неговата куќа, а он бидува уапсен врз основа на отсуство од истата. Добил отсуство од 45 дена. Меѓутоа, и сместувањето каде што живеел како гостин исто така било предмет на претрес, па тука е уапсен, а ослободен е после шест часа испитување. На 25 ноември е префрлен во Чанакале-дарданеле каде што поради болести бива спречен да ја врши својата должност.

1981

На 20 март земал трајно отсуство.

1985

Го посетува Ахлат.

1986

После шест години, на 6 април повторно се качува на мимбер по повод отворањето на џамијата Џамлиџа и одбележувањето мевлуд. Оди на хаџ по трети пат. Тогаш е поврзан со судскиот случај Мехмет Озјурт во Дијарбакир, и тогаш се отвора истрага против него. Го одбива повикот на својот пријател да се пресели во Медина.

1989

На 1 јануари е поставен за имам во Валиде-султановата џамија на Ускудар во Истанбул.

1991

На 16 јуни ја прекинува службата како имам. На 21 септември на симпозиумот говори за пратеникот Мухаммед.

1992

На 5 мај заминува во посета на Тургут Озал, осмиот претседател на Турција, кој имал операција на простата во Далас, САД.

1993

 На 28 јуни, во Измир, му умира мајката Рефија Ѓулен (80).

29.6.1994

Присуствува на отворањето на Фондацијата на новинари и писатели.

6.11.1994

Одржал прес-конференција по повод посетата на премиерот на Турција.

30.11.1994

Ја посетил премиерката на Турција Тансу Чиллер.

23.1.1995

Дал интервју за новината Сабах и Хуријет.

11.2.1995

Присуствувал на ифтарот во организација на Фондацијата на новинари и писатели во хотел Полат Ренесанс.

23.2.1995

Присуствувал  на ифтарот во организација на Фондацијата на новинари и писатели во хотел Хилтон Анкара.

20.3.1995

 Учествувал на средба со г. Булент Еџевит.

10.5.1995

Го посетил господинот Хикмет Четин.

26.5.1995

Добил признание од фондација Турк Оџаклари.

9.6.1995

Втор пат се сретнува со премиерката Тансу Чиллер.

15.6.1995

Го посетил господинот Месут Јилмаз.

24.6.1995

Издал соопштение за јавноста за посетата на политичките лидери.

2.7.1995

Отишол во Сарајичи за да го гледа (во живот) борењето на Киркпинар.

3.7.1995

Бил гостин на телевизијата ТРТ во програмата Атес Хатти на Реха Мухтар.

25.7.1995

 Добил благодарница од фондацијата на Мехметџик.

2.8.1995

Го посетил Претседавачот на  Парламентот, господинот Хусаметин Џиндорук.

13.8.1995

Дал интервју за господинот Ејуп Џан, новинар во дневната новина Заман, кое потоа е претворено во книгата под наслов „Уфук Туру“.

20.8.1995

Дал интервју на господинот Орал Чалишлару за Џумхуријет.

14.9.1995

Бил на преглед поради срцеви проблеми.

19.9.1995

Бил на фудбалски натпревар посветен на децата на Босна и Херцеговина.

11.10.1995

Организирал прес-конференција и предавање за темата Ултиматум и влада во криза.

19.10.1995

Дал интервју за холандската државна телевизија.

1.1.1997

Одговарал на прашањата на господинот Тунџај Озкан,  поврзани за скандалот Сусурлук на телевизијата Канал Д.

17.1.1997

Присуствувал на погребот на Махмут Бајрам.

27.1.1997

Присуствувал на ифтар организиран во организација на Фондацијата на новинари и писатели.

30.1.1997

Дал изјава на новинарите по повод својот говор во Фондацијата на новинари и писатели.

30.1.1997

 Учествувал на погребот на својот чичко Нуретин Ѓулен.

23.2.1997

Примил признание од Фондацијата на работници и уметници.

4.3.1997

Бил на редовен годишен преглед во Американската болница во Истанбул.

15.3.1997

Учествувал на погребот на Кемал Еримез.

29.3.1997

Бил гостин на ТВ-станицата СТВ во програмата „Критичка вест“.

8.4.1997

Присуствувал на погребот на Алпаслан Туркеш, претседателот на Националниот покрет НМП.

16.4.1997

Дал интервју со господинот Јалчин Доган, на ТВ-станицата Канал Д.

3.5.1997

Во интервјуто со господинот Јалчин Доган, на ТВ-станицата Канал Д дал појаснување во врска со обвиненијата против него.

27.5.1997

На прес-конференцијата  дал одговори и појаснувања за одлуките на Воената комисија во врска со него.

30.5.1997

За магазинот Тајм, дал одговори и појаснувања врзани за политичката состојба во Турција.

10.8.1997

Примил повик од Здружението на руските писатели.

11.8.1997

Одговорил на прашањата за политиката и исламот на господинот Хакан Јавуз, новинар од весникот Милијет.

31.8.1997

Одговорил на прашањата на госпоѓата Јасемин Чонгар од весникот Милијет за политиката во Турција.

1.9.1997

Објавил критичка анализа за политичката и социјалната криза од 28 февруари во Турција.

3.9.1997

Одговорил на прашањата врзани за југоисточниот проблем. (Борбата на Турската влада со терористите на ПКК која трае повеќе од 15 години.)

4.9.1997

Одговорил на прашањата на господинот Али-Аслан од Заман поврзани за Запад и национализмот.

19.9.1997

Се сретнал со кардиналот О'Коннор во САД.

30.9.1997

Се вратил од Америка од лекување.

21.11.1997

Добил признание за придонесот во образованието од Турската унија за образование.

21.11.1997

Го примил Георг Марович со соработниците, претставникот на Ватикан во Турција.

23.11.1997

Присуствувал на погребот на Бајрам Јуксел.

12.12.1997

На прес-конференција дал одговори и појаснувања за одлуките на Високата воена комисија поврзани со неа.

25.12.1997

Присуствувал на собирот кој го организирала Фондацијата на новинари и писатели.

6.1.1998

Одговорил на прашањата на Мехмет али Брианд, познат новинар во неговата позната шоу-програма под наслов 32 ден.

21.1.1998

Одговорил на прашањата на господинот Озџан Ерџан, новинар од дневниот весник Милијет на тема - Жена.

22.1.1998

Бил на ифтар со групата Аларко чиишто сопственици Узејир Гарих и Исхак Алатон, се водечки членови на еврејската заедница во Турција.

23.1.1998

Примил честитка од папата Иван Павле II за Рамазан бајрам.

29.1.1998

Објавена е честитката по повод Рамазан бајрам.

3.2.1998

Присуствувал на програмот кој го организирала Фондацијата на писатели и поети по повод бајрамските празници.

4.2.1998

Пред посетата на Ватикан го посетил премиерот Булент Еџевит.

9.2.1998

Го посетил папата Иван Павле II.

14.2.1998

 Дал изјава за медиумите по повод посетата на папата Иван Павле II.

25.2.1998

Се сретнал со главниот рабин Елијах Бакхси Дорон, врховниот духовен поглавар на Евреите.

27.2.1998

Гостувал во емисијата „Прашања и одговори“ на телевизискиот канала НТВ кој го водел Џенгиз Џандар и Таха Акјол.

7.3.1998

Присуствувал на состанокот на сите религии (Celestial Meeting of Religions).

19.3.1998

Бил на погребот на господинот Сезгер Тансуг, познат уметнички критичар.

28.3.1998

Добил признание од фондацијата Турк 2000 за придонесот во турската култура.

5.4.1998

Дал интервју, за актуелните прашања, на господинот Озџан Ерџан, новинар на дневниот весник Милијет.

18.4.1998

Добил признание од фондацијата Турк Оџаклари.

6.5.1998

Дал интервју за руската ТВ-станица ОРТ.

18.5.1998

 Дал интервју за италијанските новинари по повод неговата посета на Папата.

6.6.1998

Дал интервју за магазинот Аксион по повод некои обвиненија против него. 

21.6.1998

Дал интервју на господинот Авни Озгурелу за дневниот весник Радикал.

5.7.1998

Примил признание од фондацијата Силк Роад.

14.1.1999

Дал интервју на господинот Неџдет Аџан за магазин Актуел на тема образование.

19.1.1999

Објавил порака по повод Рамазанскиот бајрам.

2.2.1999

 Упатил порака со сочувство по повод смртта на музичарот Бариш Манчо.

03.2.1999

Присуствувал на погребот на Бариш Манчо и изјавил: „Бил вистински глас на оваа земја.“

6.3.1999

Упатил порака со надеж за брзо оздравување на гувернерот на Чанкирија, господинот Ајхан Џевик.

17.3.1999

 Испратил порака за Денот на паднатите борци.

21.3.1999

Заминал во Америка на лекарски третман.

11.4.1999

Испратил порака со сочувство по повод смртта на претседателот на Киргистан, господинот Џумабека Ибрахимов.

6.6.1999

Упатил порака со сочувство поради смртта на турските војници во Северен Ирак. 

9.6.1999

Организирал прес-конференција по повод познатиот случај со полициското прислушување под назив Скандал теле еар во полиција.

22.6.1999

Одговорил на прашањата на господинот Реха Мухтар поврзани за таканаречениот Касетен заговор.

1.12.1999

Испратил порака на Парламентот на светските религии на заседанието во Кејптаун во Јужноафриканската Република.

12.2.2000

 Направил анализа за Хезболах – терористичкото движење.

13.4.2000

Испратил порака на Симпозиумот за еврејските религии во Харран.

3.8.2000

Јавниот тужител во Анкара побарал налог за апсење на г. Фетулах Ѓулен.

7.8.2000

Судот одбива да издаде налог.

11.8.2000

Предадено ново барање за налог за апсење.

12.8.2000

Адвокатот на Ѓулен организира прес-конференција за налогот за апсење.

18.8.2000

Адвокатот на Ѓулен поднесува жалба за налогот.

23.8.2000

 Случајот со г. Ѓулен се префрла од судот во Анкара на судот во Истанбул.

28.8.2000

Судот во Истанбул го одбива налогот за апсење.

29.8.2000

Случајот на г. Ѓулен повторно се враќа кај тужителот во Анкара.

31.8.2000

Тужителот повторно отвора случај против г. Ѓулен.

16.10.2000

Почнува судењето против г. Ѓулен при судот во Анкара.

4.12.2000

Почнува второто судско рочиште.

29.1.2001

Трето судско рочиште.

28.3.2001

Четврто судско рочиште.

26.4.2001

 Конференција за Фетулах Ѓулен одржана на Универзитет Џорџтаун во САД.

27.4.2001

Добил големо признание за својата работа и придонес.

21.5.2001

Петто судско рочиште.

Pin It
  • Создадено на .
Copyright © 2020 Веб-страница на Фетулах Гулен. Сите права се заштитени.